Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари за почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
Стручниот штаб подоцна ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
Најголемо внимание на списокот привлекува првиот повик за Дмитро Хориха, кој ќе биде во конкуренција за дебитантски настап. Освен неговото вклучување, стручниот штаб се потпира на проверени сили и нема поголеми изненадувања меѓу повиканите играчи.












