Русија ќе инвестира повеќе од 1 милијарда долари во развојот на Куба до 2030 година

83
Malecon, La Habana, Cuba

Русија во понеделник соопшти дека ќе инвестира повеќе од 1 милијарда долари во развојот на Куба, нејзиниот долгогодишен политички сојузник, до 2030 година.

Москва претходно објави план за помош на Куба, но ова е прв пат да ја прецизира сумата, објави „Ројтерс“.

Инвестициите се планирани во клучни сектори како што се производство на електрична енергија, земјоделство и јавно осветлување.

Рускиот вицепремиер Дмитриј Чернишенко изјави дека руските компании и бизнисмени изразиле подготвеност да инвестираат повеќе од 1 милијарда долари во економијата на Куба, која се бори со тешкотии.

Изјавата дојде откако кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел и рускиот лидер Владимир Путин се сретнаа во Кремљ.

Русија со децении ѝ обезбедува на Куба финансиска и материјална помош, вклучувајќи нафта, инвестиции во инфраструктура, а неодамна и организирање на доаѓањето на руски туристи во земјата.

За време на посетата на Русија, Дијаз-Канел ќе присуствува и на одбележувањето на 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници над нацистичка Германија, објави Танјуг.

ИЗДВОЕНИ