четврток, септември 3, 2026
Дома СВЕТ Русија и возвраќа удар на Германија: Лавров најави затворање на Гете институтите...

Русија и возвраќа удар на Германија: Лавров најави затворање на Гете институтите во три града

1
EPA/RAJAT GUPTA

Филијалите на Гете-институтот во Русија ќе бидат затворени по одлуката на Германија да го затвори Рускиот дом во Берлин, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој рече дека Русија ќе ги затвори филијалите на Гете-институтот во Москва, Санкт Петербург и Екатеринбург, објави РИА Новости.

„Секако, тие ќе бидат затворени откако нашиот културен центар ќе биде протеран (од Германија), во спротивно нема да се почитуваме себеси“, рече Лавров на Источниот економски форум. Форумот се одржува од 1 до 4 септември во Владивосток.

Во вторник, германската влада официјално ја обвини Русија дека стои зад инцидентот со беспилотното летало од минатиот месец на аеродромот Лајпциг/Хале и најави контрамерки. Берлин одлучи да го затвори рускиот генерален конзулат во Бон на 18 септември.

ИЗДВОЕНИ