Центарот на Минесота и францускиот репрезентативец, Руди Гобер, изјави дека главна цел на неговата генерација е да освои златен медал на Олимписките игри во Лос Анџелес, во 2028 година. Во разговор за „Прајм тајмаут“, 33-годишникот зборуваше за своето патување од француските терени до славата во НБА, како и за големите амбиции на националниот тим во наредните години, вклучувајќи ги и Светското првенство во 2027 година и Олимписките игри во САД.
- Отсекогаш сонувам да освојам олимписко злато. Тоа е јасна цел. Имаме огромен талент и способни сме да го шокираме светот – истакна Гобер.
Франција загуби од САД во последните две олимписки финалиња: прво во Токио, 2021 година, а потоа во Париз, 2024 година.











