четврток, октомври 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА РСБСП препорачува внимателно возење за време на продолжениот викенд

РСБСП препорачува внимателно возење за време на продолжениот викенд

1

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштатa (РСБСП) повикува на внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот 23 Октомври и продолжениот викенд.

Во овие денови се очекува зголемена фреквенција на возила, особено на патиштата надвор од градовите.

Од РСБСП апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол или психотропни супстанции и да не користат мобилни телефони додека возат.

-Возачите се повикуваат да избегнуваат ризични маневри и непотребно изложување на опасност – децидни се од РСБСП порачувајќи празничниот викенд да помине со безбедни патувања и среќно враќање дома.

 

ИЗДВОЕНИ