Oпремени се две училници за стручна настава во средниот општински училишен центар „Јосиф Јосифовски“.
Од Општина Гевгелија информираат дека за создавање на потребни и современи услови за изведување на наставата во стручните насоки, набавена е опрема за два кабинети наменети за учениците од насоките: забен и фармацевтски техничар.
-Со тоа, на учениците им се овозможуваат услови за практична настава, стекнување знаења и развивање на стручните вештини потребни за нивната идна професија. Вложувањето во современо образование и подобрувањето на условите за учениците остануваат еден од нашите приоритети – децидни се од Општина Гевгелија.












