Стигнаа нови загрижувачки вести за навивачите на шпанскиот прволигаш Реал Ваљадолид. Снимката на која претседателот на клубот Роналд Назарио во пијана состојба излегува од ресторан во Мадрид се прошири на социјалните мрежи, што дополнително го разгоре незадоволството кај навивачите по неодамнешниот пораз од Барселона.
Поранешниот бразилски напаѓач, кој претходно беше критикуван поради неангажманот во работата на клубот, не присуствуваше на натпреварот против Барселона на стадионот „Нуево Хозе Зорила“, исто како што цела сезона ја избегнуваше директорската ложа. Навивачите, веќе револтирани поради испаѓањето на тимот од лигата, ги засилија протестите, а за време на натпреварот го изразија своето незадоволство со фрлање лажни банкноти од 500 евра со ликот на Роналдо.
Видеото што го сподели Федерацијата на здруженија на поддржувачи на Реал Ваљадолид го покажува Роналдо во видно алкохолизирана состојба и како едвај стои додека оди по скалите пред популарниот ресторан во Мадрид. Пријателите мораа да го држат и да го одведат до автомобилот, што предизвика уште поголем гнев кај навивачите кои ретко имаа можност да го видат својот претседател во текот на сезоната.
Овој инцидент дополнително го зголеми разочарувањето и гневот кај симпатизерите на клубот. Додека навивачите бараат одговори за нивното испаѓање од лигата, отсуството на Роналдо и очигледната незаинтересираност за неговите должности дополнително ги зголемија тензиите. Дури и за време на неговата блескава професионална играчка кариера, Роналдо беше познат по своите чести излегувања и забави.