среда, јули 15, 2026
Дома СВЕТ „Ројтерс“: Првата рунда израелско-либански разговори во Рим заврши продуктивно

„Ројтерс“: Првата рунда израелско-либански разговори во Рим заврши продуктивно

13
Фото: EPA/ATEF SAFADI

Неименуван либански дипломатски извор изјави дека Либан посочил дека војската на земјата е подготвена постепено да ја преземе контролата врз локациите од кои израелската војска ќе се повлече

Првата рунда израелско-либански разговори во Рим заврши продуктивно, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на неименуван функционер на американскиот Стејт департмент.

„Разговорите во Рим меѓу претставниците на САД, Израел и Либан беа продуктивни и се одржаа во позитивна атмосфера“, рече функционерот, додавајќи дека Израел и Либан покажаа желба за напредок и дека разговорите ќе продолжат утре.

Неименуван либански дипломатски извор изјави дека за време на разговорите, Либан нагласил дека војската на земјата е подготвена постепено да ја преземе контролата врз локациите од кои израелската војска ќе се повлече.

Претходно, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар изјави дека неговата земја е подготвена да започне со спроведување на две пилот-зони, алудирајќи на распоредување на либански трупи на југот на земјата и постепено повлекување на израелските сили од земјата во две „пилот-зони“, што е предвидено во Рамковниот договор меѓу Израел и Либан.

Договорот, исто така, предвидува крај на војната во Либан и разоружување на групата Хезболах, која целосно го отфрли договорот и покрај притисокот од либанската влада, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ