
Рафиња пристигна во Барселона во летото 2022 година од Лидс за 60 милиони евра и се покажа како одличен потег бидејќи стана еден од клучните играчи на каталонскиот клуб.
Сепак, во секој преоден рок има шпекулации дека Рафиња би можел да ја напушти Барселона, и покрај фактот што тој тврди дека е многу среќен на „Ноу Камп“ и сака да остане што е можно подолго.
Како што се приближува летниот преоден рок, гласините дека Рафиња заминува повторно почнаа да кружат, но овој пат Бразилецот не сака да седи со скрстени раце и реши да реагира.
Бразилскиот интернационалец јавно проговори на оваа тема и негираше сè, но исто така откри кој е главниот проблем зошто оваа приказна се „повторува“ на секои неколку месеци.
„Откако дојдов во Барселона, од првиот ден се шпекулираше дека заминувам. Мислам дека има луѓе тука кои не ме сакаат во Барселона. Особено кога станува збор за новинарите, има еден од нив кој пишува само лаги за мене“, рече Рафиња и додаде.
„Видов дека сè уште пишува дека си заминува, а во минатото објави многу лаги за мене. Измислува приказни дека сум разговарал со клубот, со некои луѓе и дека им кажувам дека не знам дали сакам да бидам во Барселона“.
„Тој човек само пишува лаги, не верувајте во тоа. Секој пат кога ќе напише нешто, тоа е лага, повеќе од доволно е“.
Рафиња претходно ги игнорираше овие работи, но очигледно дојде последната капка и тој реши да стави крај на тоа.
Претходно, неговата сопруга Таја Белоли беше таа што реагираше и ги негираше таквите приказни, но овој пат Рафиња реши да проговори и да открие што навистина се случува.
Откако пристигна во Барселона, Рафиња има 175 настапи за овој клуб, постигнувајќи 73 гола и додавајќи 59 асистенции.











