Решени сите дилеми околу иднината на Лео Меси!

315
epa08085218 FC Barcelona's Argentinian striker Lionel Messi (L) duels for the ball with Deportivo Alaves' Spanish defender Ruben Duarte (R) during their Spanish LaLiga Primera Division soccer match played at Camp Nou stadium in Barcelona, Spain, 21 December 2019. EPA-EFE/Alberto Estevez

Иднината на Лионел Меси до пред некој ден беше максимално неизвесна, но, големи се шансите да бидеме сведоци на голем пресврт, така барем тврдат некои медиуми.

Според истите, аргентинскиот интернационалец треба да остане во редовите на Интер од Мајами, иако имаше контроверзии околу неговата иднина.

Аргентинската ѕвезда е сè уште под договор со американскиот тим до декември оваа година, но големи се шансите дека ќе ја продолжи соработката.

Според „Мајами Хералд“, преговорите меѓу клубот на Дејвид Бекам и Лионел Меси траат веќе неколку месеци, а двете страни успеале да постигнат договор.

Гореспоменатиот извор наведува дека Интер Мајами наскоро ќе објави официјална потврда во врска со Лионел Меси.

Аргентинецот побара неколку квалитетни засилувања и раководството на клубот го увери дека ова лето ќе бидат донесени неколку важни имиња, што го убеди Лионел Меси да остане.

Преговорите околу новиот договор се ставени во мирување, а „Марка“ објави дека причината е следното Светско првенство.

Причината е што Меси сака да игра континуирано до почетокот на Светското првенство во 2026 година, но тоа не би било можно доколку остане во американската млс лига.

Дури и ако официјалните лица на МЛС планираат да го променат календарот, тоа би било можно почнувајќи од 2027 година. Моментално, американската МЛС лига се одржува од зима до есен.

Магионичарот од Росарио наводно планира да се пензионира по Светското првенство во 2026 година и би сакал да го направи тоа на правилен начин.

Сега се чини дека имало пресврт, а Лионел Меси треба да остане член на тимот од Флорида.

 

ИЗДВОЕНИ