понеделник, јули 6, 2026
Дома СВЕТ Републиканците го блокираа гласањето што можеше да стави крај на војната во...

Републиканците го блокираа гласањето што можеше да стави крај на војната во Иран

67
epa12066191 US President Donald Trump delivers remarks during an 'Investing in America' event at the White House in Washington, DC, USA, 30 April 2025. EPA/KEN CEDENO / POOL

Републиканците во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во последен момент го откажаа гласањето за резолуција со која може да се стави крај на војната во Иран, освен ако претседателот Доналд Трамп не добие одобрение од Конгресот да ја продолжи.

Одлуката доаѓа само два дена откако слична мерка помина во американскиот Сенатот.

Гласањето требаше да се одржи во четврток попладне, непосредно пред пратениците да заминат на продолжен викенд по повод Денот на сеќавањето. По откажувањето на гласањето, демократите тврдат дека веќе обезбедиле доволно поддршка за резолуцијата да помине, иако републиканците имаат мнозинство во Претставничкиот дом.

-Без никакво сомневање ги имавме гласовите и тие го знаеја тоа, изјави демократскиот конгресмен Грегори Микс, водечки член на Комитетот за надворешни работи.

Според него, републиканското раководство намерно го одложило гласањето до почетокот на јуни.

Претставничкиот дом и претходно блокираше три слични резолуции за ограничување на претседателските воени овластувања, при што републиканците речиси едногласно го поддржуваа Трамп и војната против Иран.

Но како што конфликтот трае без јасен исход, а американските и израелските напади врз Иран продолжуваат од 28 февруари, поддршката кај дел од републиканците почна да слабее.

Демократите и дел од републиканците бараат Трамп да побара формално одобрение од Конгресот за употреба на воена сила, потсетувајќи дека според американскиот Устав, само Конгресот има право да објави војна.

Тие предупредуваат дека претседателот можеби ја вовлекол државата во долготраен конфликт без јасна стратегија.

Од Белата куќа и мнозинството републиканци, пак, тврдат дека Трамп постапува легално и во рамки на своите овластувања како врховен командант, со цел да ги заштити САД од непосредни закани.

Во вторникот и Сенатот усвои процедурална резолуција за ограничување на претседателските воени овластувања, што претставуваше редок удар врз Трамп од дел од неговите сопартијци, од кои четворица гласаа за резолуцијата и овозможија да биде донесена.

 

ИЗДВОЕНИ