среда, септември 9, 2026
Дома СКОПСКА Реновирани реквизитите на детското игралиште „Млечен“

Реновирани реквизитите на детското игралиште „Млечен“

1

Со замена на седиштата на лулашките и на клацкалките, заврши реновирањето на урбаните реквизити на детското игралиште „Млечен“.

Од Општина Карпош информираат дека во рамките на петтата фаза од реконструкцијата, во наредниот период ќе бидат опфатени и детските игралишта во населбата Жданец, на улицата „Букурешка“ во Тафталиџе 1, помеѓу зградите на булеварот „Партизански одреди“ број 197 и број 109 во Тафталиџе 1, како и помеѓу улиците „Соле Стојчев“ и „Желево“ во Карпош 4.

На игралиштето во Карпош 4 ќе биде поставен и нов елемент со две лулашки со метална конструкција, а ќе се изврши и репарирање на постојниот реквизит – скалата.

– Создаваме побезбедни, поуредни и повесели места за игра и за дружење на најмладите – велат од локалната самоуправа.

 

 

ИЗДВОЕНИ