среда, септември 9, 2026
Дома СКОПСКА Почна 100-часовниот фестивал на трчање и одење „Ноу финиш лајн Скопје“

Почна 100-часовниот фестивал на трчање и одење „Ноу финиш лајн Скопје“

1

Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100-часовниот фестивал на трчање и одење„Ноу финиш лајн Скопје“, кој ги обединува спортот, дружењето и хуманоста.

– На стартот пред СЦ „Јане Сандански“, се собраа голем број деца, родители, љубители на спортот и граѓани. Со своето учество, тие придонесуваат за една важна хуманитарна цел. „Ноу финиш лајн Скопје“ не е трка за медал, туку настан на кој секој изминат километар претставува чекор кон помош за детската болница „Козле“. Учесниците можат да трчаат или да пешачат, а секој нивни чекор има хуманитарно значење – соопштија од Општина Аеродром.

Оттаму велат дека продолжуваат да ги поддржуваат спортот и настаните што ги поврзуваат граѓаните и создаваат позитивна енергија во заедницата.

– Во следните 100 часа, Аеродром ќе биде место за спорт, дружење и хуманост, со заедничка цел: секој чекор да значи помош и надеж за оние на кои им е најпотребна – велат од локалната самоуправа.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ