„Ред Електрика“: Поврзувањето на масовните прекини на струја во Шпанија и Португалија со обновливите извори е грешка

68

Претседателката на Red Eléctrica, шпанската компанија одговорна за управување и одржување на електричната мрежа во земјата, Беатриз Коредор, денеска изјави дека не е во ред да се поврзат масовните прекини на струја што ги погодија Шпанија и Португалија со обновливите извори на енергија.

Во интервју за радио станицата Кадена СЕР, Коредор истакна дека не размислува да поднесе оставка, и покрај критиките што следеа по инцидентот.

Големи делови од Шпанија и Португалија останаа без струја во понеделник наутро, а во Шпанија најголеми проблеми имаше во железничкиот сообраќај, бидејќи стотици луѓе ја поминаа ноќта на станиците.

ИЗДВОЕНИ