Расте стравот во администрацијата на Трамп по нападот на Иран: „Не знаеме колку длабоко ќе навлеземе во ова“

1078

Америка го нападна Иран со специјални супер-продорни бункерски бомби за разбивање, фрлени од стелт бомбардери Б2 и Томахавкс.

Страв од ескалација

Доналд Трамп објави дека три ирански нуклеарни постројки, Натанц, Есфахан и Фордо, биле целосно уништени во бомбардирањето. Тој ги нарече Иранците насилници кои или ќе се согласат на мир или ќе следат повеќе напади. Тој ги предупреди да не вршат одмазднички напади бидејќи ќе ги дочека уште поголема сила од онаа што ја чувствуваат.

Иако Трамп делуваше триумфално во својот говор објавувајќи ги деталите за нападот, во неговата администрација се многу помалку оптимисти и се плашат од иранска одмазда.

Како што пишува Политико, нападот, кој Трамп го опиша како голем успех, може да ја вовлече Америка во крвав блискоисточен конфликт, што Трамп и неговиот потпретседател Венс со години ветуваат дека ќе го избегнуваат.

– Не знаеме колку длабоко ова ќе не вовлече во нешто што може да трае многу долго. Ова е порака дека сакаме да ја елиминираме нуклеарната способност и да се фокусираме на преговорите – изјави висок функционер на администрацијата на Трамп кој побара да остане анонимен, пренесува Политико.

Истиот извор тврди дека Трамп во последните денови бил убеден дека има ретка шанса да ја елиминира иранската нуклеарна закана со минимален ризик за американските војници. Плановите веќе беа во тек кога Трамп рече дека ќе одлучи во рок од две недели.

Како во Белата куќа се следеше воената акција во Иран – поглед од прв ред/ФОТО

Друг извор од Белата куќа за Политико тврди дека Трамп истовремено барал деескалација и разгледувал воени опции и на крајот избрал целен напад кој нема да вклучува копнени трупи или директно да ги загрозува животите на Американците.

Над 40.000 американски војници и цивилни вработени во Министерството за одбрана се распоредени на Блискиот Исток и се стравува дека тие би можеле да станат цел на иранска одмазда. Извор од Белата куќа вели дека постои реална можност Иран да одговори на ограничен начин на овие напади.

Друг извор стравува дека постои висок ризик од ескалација и ако иранскиот одговор резултира со огромни американски жртви, ќе има притисок САД уште повеќе да се вклучат во конфликтот.

Белата куќа ги информираше републиканците и демократите пред нападот, но демократите велат дека не добиле известување.

Иран тврди: Американскиот напад површен, не предизвика сериозна штета!

ИЗДВОЕНИ