Зимските олимписки игри се во тек, а видовме уште едно изненадување во борбата за медали и првиот медал кој оди на Балтикот. Во натпреварот во санкање за жени, Елина Бота од Латвија постигна најдобар резултат во кариерата.

По четири возења, Бота стигна до сребрениот медал и првиот медал за својата земја на годинашните Зимски олимписки игри. Инаку, по бројот на жители, Летонија е колку Македонија (1.8 милиони жители).

За 25-годишната Летонка, ова беше нејзин прв олимписки медал, а во Пекинг 2022 година, таа го освои 18. место.

За Латвија, ова беше 11. медал на Зимските олимписки игри од независноста, а сите ги освоија во спортовите на мраз – санкање, скелетон и боб.

Титулата олимписки шампион ја освои Германката Јулија Таубиц, со четири доминантни возења.

Пресвртот беше во борбата за бронза. На крајот, Американката Ешли Фаркухарсон го освои бронзениот медал, искористувајќи ја првенствено грешката на Германката Ана Берајтер во третото возење.

Берајтер беше на третото место, а потоа направи грешка што ја чинеше вредни стотинки.

Верена Хофер заврши на четвртото место, а Сандра Робачер на петтото, со што Италија ги зазеде најлошите места во борбата за медали и остана без одликување.

ИЗДВОЕНИ