„Горчлив Божиќ“ – најновиот филм на познатиот шпански режисер Педро Алмодовар од 28 мај македонската публика ќе може да го погледне во нашите кина.

Филмот својата меѓународна премиера ја имаше во натпреварувачката програма на Канскиот филмски фестивал, каде се врати по шест години.

Снимен во Мадрид и во живописниот Ланзароте, „Горчлив Божиќ“ ги спојува Барбара Лени и Леонардо Сбарала во главните улоги, како и Аитана Санчез-Хихон, Милена Смит, Ким Гутиерез и една од главните музи на Алмодовар – Роза де Палма, во споредна улога.

„Горчлив Божиќ“ ја следи режисерката Елса (Барбара Лени), која по смртта на нејзината мајка се посветува целосно на работата како одбранбен механизам. Откако е принудена да направи пауза, таа оди на патување во Ланзароте со нејзината пријателка Патриција (Викторија Луенго) која штотуку дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерил. Паралелно, ја следиме приказната за режисерот и сценарист Раул (Леонардо Сбараља) додека тој и Елса ја истражуваат нераскинливата врска помеѓу реалниот живот и фикцијата и се соочуваат со одговорноста што таа ја носи со себе.

Важен дел од „Горчлив Божиќ“ е музиката на мексиканската пејачка Ксавела Варгас, од која Алмодовар често бил инспириран, а самиот филм го носи насловот на една од нејзините песни (Амарга Навидад).

ИЗДВОЕНИ