четврток, октомври 1, 2026
Дома СВЕТ Путин „индиректно“ до Украина: Русија нема да трча по светот и да...

Путин „индиректно“ до Украина: Русија нема да трча по светот и да бара милостина како некои

0
EPA/PAVEL BEDNYAKOV / AP POOL

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија нема да оди низ светот барајќи „милостина“. На првата седница на новоизбраната Државна дума во Москва, тој ги повика пратениците тесно да соработуваат со владата за да се постават правните темели за понатамошен економски развој.

„Русија, за разлика од некои други – нема да впери прст кон никого – не може да си дозволи понижување со тоа што ќе трча по светот и со испружени раце ќе моли за помош“, изјави Путин, при што неговите зборови јасно се однесуваа на Украина.

Руската економија
Путин истакна дека рускиот финансиски систем и економијата функционираат стабилно и ги повика надлежните да избегнуваат грешки при справувањето со економските предизвици.

„Рускиот финансиски систем и економијата функционираат сигурно. Најважно е да се избегнат грешките и одговорно да се пристапи кон задачите во овие клучни области“, рече тој.

Од друга страна, Украина останува силно зависна од надворешна финансиска поддршка за покривање на буџетските трошоци во услови на војна и за задоволување на потребите за одбрана.

Киев побара дополнителни 27 милијарди долари за 2026 година. Меѓународниот монетарен фонд оцени дека континуираната и предвидлива надворешна поддршка е од витално значење за одржување на макроекономската стабилност на Украина и за финансирање на нејзиниот буџет.

ИЗДВОЕНИ