вторник, октомври 20, 2026
Дома СВЕТ Проститутките мора да плаќаат данок, одлучи чешкиот Уставен суд

Проститутките мора да плаќаат данок, одлучи чешкиот Уставен суд

0

По неколкугодишни правни спорови, Уставниот суд на Чешката Република пресуди дека сексуалните работници мораат да плаќаат данок на доход на државата, бидејќи сексот со согласност во замена за пари не претставува кривично дело – за разлика од подведувањето или посредувањето во проституција.

Во еден случај, чешка сексуална работничка одби да плати данок, кој даночните органи ѝ го наметнаа ретроактивно за годините 2013 и 2014. Таа го изнесе случајот пред Уставниот суд, тврдејќи дека доколку државата наплаќа данок од неа, таа всушност станува „сводник“ – што претставува кривично дело.

Даночните органи утврдиле дека жената вршела размена на готовина – евра во чешки круни – и ги уплаќала средствата на својата банкарска сметка. Таа објаснила дека парите потекнуваат од проституција, која, според нејзиното мислење, не подлежи на оданочување.

Во своите жалби против одлуката на даночните органи, таа дополнително навела дека политичарите повремено изјавувале оти проституцијата со согласност не се оданочува, затоа, таа имала легитимно очекување дека нема да биде обврзана да плаќа такви даноци.

„Државата го оданочува реалниот економски приход и зголемувањето на имотот, а не правната или моралната основа на добивката. Оданочувањето не претставува морално одобрување на некоја активност, ниту пак подразбира државно признавање на таа активност“, појасни Уставниот суд во својата пресуда, со која ја одби нејзината жалба.

Судијата Јиржи Пржибањ ја класифицираше заработката од секс со согласност како приход остварен од „слободни“ или независни професии – категорија во која спаѓаат и уметниците, спортистите и моделите.

„Целта на државата е да воспостави правичен даночен товар. Уставниот суд смета дека кога приходот остварен од доброволна работа во секс-индустријата е легален – а со тоа и предмет на оданочување – тоа, на долг рок, придонесува за зајакнување на општествената положба на вклучените поединци“, заклучи Пржибањ во образложението на пресудата, како што пренесоа чешките медиуми.

ИЗДВОЕНИ