Во март 2026 година, просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48.433 денари, додека просечната бруто-плата достигнала 72.818 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците, споредбата меѓу март 2026 и март 2025 година покажува годишен раст на нето-платата од 8,2 %.

Најзначаен придонес за овој раст имаат три економски дејности. Највисок годишен пораст е забележан во секторот транспорт и складирање со 15,6 %, следува дејности во врска со недвижен имот со раст од 12,2 %, додека информации и комуникации бележи зголемување од 11,6 %.

Податоците покажуваат дека овие три сектори забележале и значителен месечен раст на платите во март. Во транспорт и складирање, тој изнесувал 10,9 %, во дејности во врска со недвижен имот 9,1 %, а во информации и комуникации – 8,5 %.

 

ИЗДВОЕНИ