Триесет и деветгодишен маж од Струмица бил пронајден починат во дворот на Клиничката болница во Битола, информира МВР.
Случајот бил пријавен во СВР Битола вчеравечер околу 12:15 часот.
– Смртта на Ј.И. ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Битола. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта, соопштија од полицијата.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.












