недела, октомври 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Куманиум“ – уличен фестивал за деца

„Куманиум“ – уличен фестивал за деца

7

На платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, викендов се одржа традиционалниот уличен фестивал за деца, во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината.

– На плоштадот, најмалите имаа можност да се дружат со професионалниот аниматор и жонглер, Дарко Ѓурчиновски, во „Комеди кидс шоу“ и  со Кидос – маскотите на омилените јунаци од детските цртани филмови. Дружењето беше збогатено со детско ликовно катче, каде што најмалите ги изразија креативните способности, мотивирани од забавниот несекојдневен настан – соопштија од Општина Куманово.

Манифестацијата беше во рамките на празничната културно-уметничка програма во чест на 11 Октомври.

ИЗДВОЕНИ