среда, август 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Приведен 21-годишник од Чашка – насила ја внел поранешната девојка во автомобил

Приведен 21-годишник од Чашка – насила ја внел поранешната девојка во автомобил

13

Полицијата во Велес приведе 21-годишен жител на Чашка по пријава дека без согласност ја внел својата поранешна 17-годишна девојка во автомобил.

Од МВР информираат дека на 26 август во 1 часот по полноќ, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.О. од Чашка.

Според пријавеното од очевидци, тој ја внел 17-годишната девојка во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, без нејзина согласност.

Возилото набрзо било запрено од полициски службеници, по што 21-годишникот бил приведен во полициска станица.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ