среда, август 26, 2026
Дома СКОПСКА Исклучени четири фонтани во Карпош

Исклучени четири фонтани во Карпош

11

Во насока на преземање активности за справување со вирусот на западно – нилска треска, Општина Карпош ги исклучи четирите фонтани кои се наоѓаат на нејзина територија. Станува збор за фонтаната во населбата Бардовци, спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, на плоштадот „Делфина“ во Влае, како и фонтаната во Карпош 3 (спроти Тинекс).

 

Општинските служби велат дека  овој чекор го преземаат како превентивна мерка за спречување на појава на ларви и комарци, кои шират вирусни заболувања.

– Се надеваме на разбирање од карпошани, бидејќи Општина Карпош ја презема оваа мерка во интерес на безбедноста и здравјето на сите жители – нагласуваат од локалната самоуправа и апелираат до граѓаните да се придржуваат до препораките од Институтот за јавно здравје.

ИЗДВОЕНИ