Времето во Македонија од денедска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Нестабилниот временски период ќе продолжи до почетокот на следната работна седмица, под влијание на влажна воздушна маса.
Во четврток, покрај дождот, ќе има услови и за појава на ретки грмежи, а утре и во четврток на одделни места ќе има услови за појава на утринска магла.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Исклучок ќе биде петок, кога ветерот ќе го промени правецот во северозападен и ќе биде засилен.
Променливото време со повремени врнежи ќе се задржи и во текот на викендот, како и на почетокот на следната работна седмица.












