Финалето во НБА носи спектакл не само на теренот туку и во светот на обложувањето. Според податоците од „Драфт кингс“, Њујорк никс привлекол речиси половина од сите уплати за шампионската титула оваа сезона, што го прави убедливо најпопуларен избор меѓу обложувачите.

Сепак, на патот до шампионскиот прстен им стои Сан Антонио Спарс, предводен од феноменалниот Виктор Вембањама. Иако Спарс е фаворит пред стартот на серијата, пазарот покажа доверба во Никс, па неговите шанси значително се подобрија во пресрет на првиот натпревар.

Њујорчани стигнаа до финалето во голем стил. Тие ги елиминираа своите ривали во последните две плејоф серии и врзаа дури 11 победи по ред. Дополнителна предност за нив е што ќе имаат осум дена одмор пред почетокот на финалето.

Од другата страна, Спарс мораше да мине низ вистинска битка против Оклахома Сити Тандер, победувајќи по седум натпревари. И покрај заморот, тимот од Тексас останува фаворит и за првиот натпревар од серијата.

Интересно е што ова ќе биде деветти ваков случај во историјата на НБА, кога во финалето се среќава тим што претходната серија ја добил со „метла“ и тим што одиграл максимални седум натпревари. Досегашниот биланс во вакви пресметки е 5-3 во корист на поодморениот тим.

Спарс е и една од најголемите приказни на сезоната. Пред почетокот на шампионатот, неговите шанси за титула биле дури невозможни (65 коефициент), а евентуалниот триумф би бил еден од најголемите подвизи во модерната НБА-историја.

Во центарот на вниманието е Вембањама, кој покрај титулата ќе атакува и на признанието за МВП на финалето. Ако успее во тоа, ќе стане само вториот играч во историјата што во иста сезона ги освоил наградите за најдобар дефанзивец и најкорисен играч на финалето, достигнување што последен пат му успеа на Хаким Олаџувон во 1994 година.

Финалната серија стартува в четврток наутро.

ИЗДВОЕНИ