вторник, септември 1, 2026
Дома КУЛТУРА Под отворено небо, во срцето на Скопје, вечерва одекнуваа само гласовите на...

Под отворено небо, во срцето на Скопје, вечерва одекнуваа само гласовите на уметноста, и светска и наша, безвремена: Музичка симбиоза на македонските ѕвезди со оперскиот тенор Карерас на Плоштад „Македонија“ /ФОТОГАЛЕРИЈА

17
Фото:П.Стојановски

Фото: П.Стојановски

Вечерва, под отворено небо, во срцето на Скопје, на плоштадот „Македонија“ сите присутни граѓани беа дел од ретка и незаборавна музичка приказна осмислена и создадена по повод по повод настаните организирани за одбележувањето на прославата на 35 години независност на нашата држава.

Концертот, конципиран во два музички дела, започна со фолклорниот дел, кој со го отвори истакнаниот народен пејач Миле Кузмановски, а по него следеа и македонските фолк ѕвезди Сузана Спасовска, Наум Петрески.

Публиката носталгично ја разиграа поп-ѕвездите Маја Оџаклиевска, Каролина Гочева, Калиопи, Влатко Стефановски.

Присутните имаа можност да уживаат и во гласовите на оперските пејачи Ана и Игор Дурловски и Дешира Амети-Крлиу , во придружба на повеќе од 60 музичари од Македонската филхармонија. Со оркестарот диригира Сашо Татарчевски, додека новите оркестрации и аранжмани специјално за концертот ги подготви маестро Николче Мицевски.

Во вториот дел од вечерта, резервиран за оперскиот виртуоз Хосе Карерас, шпанскиот тенор ја почести скопската публика со изведба на својот препознатлив светски репертоар, заедно со Македонската филхармонија, под диригентската палка на од неговиот долгогодишен диригент Дејвид Хименес. Посебно изненадување беа композициите кои славниот тенор ги отпеа со Каролина Гочева и “Moon river“ со Калиопи.

 

За крај, Карерас ја отпеа легендарната “Мy way“ на Френк Синатра.

Но, ова не беше крајот на вечерта: на сцената повторно излегоа сите ѕвезди кои вечерва со своите гласови пееја во чест на одбележувањето на 35-години независност на Македонија, и сите заедно, во еден глас, заедно со славниот тенор Карерас, ја пееја „Едно име имаме“, авторска песна на незаборавниот Јонче Христовски.

 

ИЗДВОЕНИ