Пристигнаа првите 30.000 вакцини против сезонски грип додека втората тура од 26.000 вакцини, треба да стигне до 15 ноември.
Моментно ја организираме логистиката со центрите за јавно здравје и мое очекување е дека во овие стандардни термини ќе почне вакцинацијата во земјата, а тоа е од 16 до 25 октомври – изјави министерот за здравство, Сашо Клековски и додаде:
Имаме 56.000 дози и работиме да постигнеме до 80.000 дози. Значи, ни беше важно да стигнат 30.000 вакцини и да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15 ноември ќе ги имаме следните 26.000, а во меѓувреме ќе потрудиме да ги обезбедиме и остатокот до 80.000 вакцини – рече Клековски.
Тој кажа и кога ќе почне вакцинацијата, а предност ќе им биде дадена на ризичните групи според дијагноза во центрите за јавно здравје.
– Пријавувањето мора да биде во модулот во „Мој термин“ за да имаме увид за севкупната состојба, кажа Клековски.












