вторник, јули 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пожар во атарот на селото Бајково, Општина Ново Село: Во гаснењето се...

Пожар во атарот на селото Бајково, Општина Ново Село: Во гаснењето се вклучени и два ер-трактори да се заштити црквата „Свети Петар и Павле“

118
Фото:принтскрин, видео ДЗС

Голем шумски пожар избувна попладневово атарот на селото Бајково, во Општина Ново Село, на падините на Огражден. Пожарот бил забележан околу 16:30 часот и почнал да се шири кон црквата „Свети Петар и Павле“.

На терен интервенираат пожарникарите од Струмица, доброволците од Доброволното противпожарно друштво „Рис“ и жители што помагаат во заштитата на верскиот објект.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека поради опасноста од натамошно ширење на огнот треба да бидат вклучени и два ер-трактори на ДЗС.

Пожарот гори на планински терен, а приоритет на екипите е пламенот да не стигне до црквата и да не се прошири кон околината.

Градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов изрази благодарност на неколкуте граѓани од Двориште, пожарникарите од ТППЕ Струмица, доброволците од ДПД РИС-ОПЕРАТИВЦИ, како и на Дирекцијата за заштита и спасување кои ја спасија Црквата Св. Апостол Петар и Св. Апостол Павле во Бајково од огнените јазици.

Тој упати апел и молба за совесно и одговорно однесување при движење во природа.

До објавувањето на последните информации не беше соопштено дали има повредени лица, колкава површина е зафатена и дали огнот е ставен под контрола.

 

ИЗДВОЕНИ