четврток, јануари 29, 2026
Дома СВЕТ Пожар избувна на моторот на руски авиопревозник во Анталија, евакуирани 79 патници

Пожар избувна на моторот на руски авиопревозник во Анталија, евакуирани 79 патници

133
На авион на рускиот авио-превозник „Азимут ерлајнс“ кој вечерва во Анталија, Турција, слета при неповолни метеоролошки услови, се случил пожар на моторот, а сите 79 патници се евакуирани безбедно, јавува ХавХабер.

 

Пожарникарите интервенирале веднаш, а пистата е привремено затворена, па авионите се пренасочени на други аеродроми.

Нема повредени, а авионот летал на релација Сочи-Анталија.

Пожарот настанал кога моторот дошол во контакт со пистата.

ИЗДВОЕНИ