петок, септември 4, 2026
Дома МАГАЗИН Повеќе од 80 лица се заразени со салмонела од семки од тиква...

Повеќе од 80 лица се заразени со салмонела од семки од тиква во Франција

0
Фото:википедија

Повеќе од 80 лица во неколку региони на Франција биле заразени со салмонела од семки од тиква од мај до август оваа година, а шест се во болница, објавија министерствата за здравство и земјоделство.

Семките од тиква биле преработени од компанија во југозападна Франција и продадени од неколку трговци на мало, вклучувајќи го и синџирот „Гранд Фре“, објавува новинската агенција „Ројтерс“.

Шест од заразените лица биле хоспитализирани, двајца добиле итна медицинска помош, а сите заразени лица се вратиле дома откако им се смириле симптомите.

Дотичните семиња се повлечени од продажба, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ