вторник, јули 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Поведена е истражна постапка против синот кој е осомничен го усмртил својот...

Поведена е истражна постапка против синот кој е осомничен го усмртил својот татко нанесувајќи му повеќе од 30 убодни рани со нож – се бара притвор

16

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Станува збор за 30-годишен скопјанец, осомничен за убиство на својот татко, извршено на 12 јули.

Според Обвинителството, трагедијата се случила по семејна расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот. Во обид да интервенира, синот зел нож и во дворот од семејниот дом го нападнал својот татко, нанесувајќи му повеќе од 30 убодни рани во пределот на вратот и градниот кош.

Од здобиените повреди, таткото починал на местото на настанот.

Обвинителството соопшти дека против осомничениот е поведена истрага за кривично дело „Убиство“ од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Во рамки на истрагата ќе бидат преземени повеќе дејствија за целосно утврдување на мотивите за кривичното дело, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот.

Јавниот обвинител до надлежниот суд достави и предлог за определување мерка притвор, со цел обезбедување на осомничениот во текот на кривичната постапка.

ИЗДВОЕНИ