среда, септември 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Потврдена пресудата доживотен затвор за убијците на Вања и Панче

Потврдена пресудата доживотен затвор за убијците на Вања и Панче

На родителот Александар Ѓорчевски повторно ќе му се суди

499

Апелациониот суд Скопје ги потврди доживотните казни затвор за Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боро Видевски и за Влатко Кешишев за свирепите убиства на младата Вања и пензионерот Панче, а го укина ослободителниот дел од пресудата за Александар Ѓорчевски, таткото на девојчето и нему повторно ќе му се суди.

Како што соопшти Апелациониот суд, по одржаната јавна седница и разгледувањето на жалбите, ги одбил како неосновани жалбите на обвинетите за убиствата Велибор Манев, Боро Видевски, Влатко Кешишев и Љупчо Палевски.

Истовремено, ја уважил жалбата на Основното јавно обвинителство – Скопје и ја потврдил првостепената пресуда во осудителниот дел, со која четворицата обвинети беа прогласени за виновни за грабнување и за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски и осудени на доживотен затвор. Второстепениот суд го укинал ослободителниот дел од пресудата што се однесува на Александар Ѓорчевски, кој беше ослободен од обвинението за помагање при грабнување на неговата ќерка. Предметот во овој дел е вратен на Основниот кривичен суд – Скопје на повторно судење и одлучување.

 

ИЗДВОЕНИ