среда, јули 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Бегалецот преку прозорец од ПС Кочани имал шест автомобили – Обвинителството му...

Бегалецот преку прозорец од ПС Кочани имал шест автомобили – Обвинителството му ги одзеде

Повторно уапсен осомничениот наркодилер

0

Александар Лазаров (41) од Кочани, кој пред неколку дена избега од Полициската станица во Кочани, е повторно уапсен. Тој бил пронајден на 14 јули, по оперативни информации, и приведен од полициски службеници од СВР Скопје – Потраги. Лазаров избегал од полициската станица во Кочани додека бил задржан во службена просторија, при што успеал да излезе низ прозорецот од просторијата и да се даде во бегство. По него веднаш била распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основниот суд во Кочани.

Тој се барал поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Од Основното јавно обвинителство Кочани информираа дека против Лазаров и уште едно лице е отворена истрага, откако при претрес на автомобил биле пронајдени осум грама кокаин. По предлог на јавен обвинител, на Лазаров му била определена мерка притвор. По повторното апсење, тој бил спроведен во Полициската станица Кисела Вода, а потоа упатен на издржување на определената притворска мерка.

Во рамки на истрагата, Обвинителството побарало и привремено одземање на имот за кој постои сомнение дека е поврзан со криминална активност. Станува збор за еден стан и шест автомобили, од кои дел биле запишани на други лица, но според Обвинителството, фактички биле во владение и користење на осомничениот. Проверките покажале дека имотот не соодветствува со неговите законски приходи, поради што постои сомнение дека е стекнат со криминална активност или служел за прикривање незаконски стекната корист.

ИЗДВОЕНИ