Наместо впечаток за култура и грижа за јавниот простор, по свеченото отворање на најголемиот културен настан во државата, „Охридско лето“, остана слика со купишта отпад. По завршувањето на програмата, просторот беше исполнет со летоци, промотивни материјали од спонзори, амбалажа и со отпадоци од храна.
Редарите со часови го расчистуваа просторот за да го вратат во првобитна состојба. Фотографиите сведочат дека дел од посетителите оставиле неред зад себе, иако настаните од ваков ранг треба да бидат пример не само за културната понуда туку и за културата на однесување.
Организирањето престижни културни манифестации подразбира и одговорен однос кон јавниот простор. Останува пораката дека културата не завршува на сцената, туку се покажува и со начинот на кој се однесуваме по завршувањето на секој настан.
Фото: ФБ











