– Во рамките на овие активности, воспоставен е систем за следење на дивиот свет со помош на фотозамки, поставени на повеќе стратешки локации во паркот, вклучително Ниже Поле, Пелистер, Цапари, Вртушка и Брајчино. Главна цел на овој систем е: да обезбеди прецизни информации за состојбата во природата, преку следење на движењето и навиките на дивите животни; процена на бројноста на популациите; навремено детектирање на потенцијалните закани и поддршка на научните и стручните анализи. Фокусот е ставен на мониторингот на клучните видови како што се кафеавата мечка, дивокозата и карактеристичните видови птици и растенија, како и на крупните цицачи: волк, рис, дива свиња и срна, кои се индикатори за здравјето на екосистемот – информира Иванчо Тошевски, директор на НП „Пелистер“ – Битола
Национален парк „Пелистер“ – Битола викендов, во реонот на Нижо Поле, Цапари, Вртушка и Брајчино, постави 40 камери за мониторинг. Оттаму информираат дека активностите се во функција на системите за заштита и следење на природата, преку примена на современи методи за мониторинг и научно истражување.
-Во рамките на овие активности, воспоставен е систем за следење на дивиот свет со помош на фотозамки, поставени на повеќе стратешки локации во паркот, вклучително Ниже Поле, Пелистер, Цапари, Вртушка и Брајчино. Главна цел на овој систем е; да обезбеди прецизни информации за состојбата во природата, преку следење на движењето и навиките на дивите животни; процена на бројноста на популациите; навремено детектирање на потенцијалните закани и поддршка на научните и стручни теанализи. Фокусот е ставен на мониторингот на клучните видови како што се кафеавата мечка, дивокозата и карактеристичните видови птици и растенија, како и на крупните цицачи: волк, рис, дива свиња и срна, кои се индикатори за здравјето на екосистемот – информира Иванчо Тошевски, директор на НП „Пелистер“ – Битола.
Од националниот парк потврдија дека дополнително и во континуитет се следи состојбата на вредните и чувствителни живеалишта, глацијални езера, моликови шуми, камени реки, алувијални подрачја, ендемски и заштитени растителни видови, водни екосистеми и популации на пастрмка, птици, лилјаци, инсекти, водоземци и влекачи.
– Сите податоци од камерите, во насока на зголемена безбедност во рамките на националниот парк „Пелистер“, ќе му бидат достапни на СВР Битола – нагласија од НП „Пелистер“.












