среда, јули 22, 2026
Дома БАЛКАН Опсадна состојба во Република Српска: Во Бања Лука пристигна Доналд Трамп Помладиот

Опсадна состојба во Република Српска: Во Бања Лука пристигна Доналд Трамп Помладиот

1056

Доналд Трамп Помладиот, синот на американскиот претседател, пристигна во Република Српска.

АТВ наведува дека тој е во деловна посета, во текот на која, како што се очекува, ќе се сретне со бизнисмени од Република Српска, со кои треба да разговара за можностите за соработка и инвестиции. Тој треба да одржи состаноци и со претставниците на владејачките партии во РС во Бања Лука, а „Кликс“ пишува дека главната причина за неговото доаѓање се потенцијалните инвестиции на компаниите што ги контролира или со кои соработува. Според „Кликс“, властите во Република Српска трошат огромни суми пари за лобирање во САД, а тој напор резултирал со укинување на санкциите за највисоките функционери на ентитетот, како и за владејачката партија СНСД.

Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Жељко Будимир, пред доаѓањето на Трамп Помладиот најави дека „ќе се направи сè, како и секој пат кога ќе дојде некој во Република Српска, за да се чувствува безбедно“. Тоа и се реализира. Сообраќајот во Бања Лука, во пресрет на неговото пристигнување, беше блокиран. Министерството за внатрешни работи на Република Српска издаде наредба со која се забрани сообраќајот за сите моторни возила со тежина поголема од седум и пол тони, со цел „непречен престој и движење на високорангираната странска делегација што ја посетува Република Српска“.

ИЗДВОЕНИ