Едно лице загина, а две се повредени кога се сруши кран на градилиште во Белград, објави Танјуг.
На местото на настанот биле испратени две екипи, а повредените биле пренесени во Итниот центар, додека кај едно лице е констатирана смрт.
Радио-телевизија Србија, неофицијално дознава дека кран што носел метална конструкција од 350 тони се срушил на ново градилиште во близина на Бранков мост. Како што објавија медиумите, настраданиот е кинески државјанин.












