Откако феноменално си помина на фестивалот „Ултра“ во Сплит и по летниот одмор во француската Прованса, балканската музичка ѕвезда, Северина, им открива на своите обожаватели каде ги минува овие жешки летни денови. Сексапилната пејачка објави серија фотографии од островот Корчула, каде што ужива покрај море, во друштво со синот Александар, тинејџер кој сега има 14 години.
Обожавателите останаа воодушевени од таквите мајчински фотографии, но и од одличниот изглед на 55-годишната Северина.
– За тебе, годините се само број. Ти си божица! Имаш супер тело вретено, а душата ти е полна со добрина и љубов – ѝ порачаа обожавателите на Северина.
Инаку, згодната Далматинка минатиот месец настапи во Македонија, пред огромен број македонски обожаватели. Планира наскоро пак да има концерт кај нас, а тоа наскоро ќе биде дури таму пред новогодишните празници, кога ќе пее во Скопје. (Д. М.)












