сабота, август 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Половина од прекршоците снимени од камерите на Безбеден град се од странски...

Половина од прекршоците снимени од камерите на Безбеден град се од странски таблици

0

На барање на весникот Вечер колку сообраќајни прекршоци напрвиле возила со странски таблици од почетокот на функционирање на камерите од Безбеден град, од МВР ни одговорија -повеќе од половина.

“Министерството за внатрешни работи ја известува јавнота дека во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци.

Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, во периодот од отпочнување на функционирање на системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 180.378 прекршоци, додека во периодот од 19.08.2026 до 20.08.2026 регистрирани се 5.514 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки, информираат од нашата полиција и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

МВР завчера воведе апликација преку која странците кои поминуваат на границата Табановце ќе можат да си проверат на мобилен пред да дојдат на преминот-дали имаат направено прекршок и да си ја платат казната. Ова се воведе како олеснување по гужвите кои се направија на Табановце од возила на српски туристи кои добиваа записник да платат налиг за сторен прекршок-најголем дел од нив брзо возеле по македонските патишта. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ