Полициски службеници од Полициското одделение Камењане, синоќа на локалниот пат кон с.Камењане запреле возило управувано од 19 – годишник без дозвола, а по пронаоѓање на куче во багажниот простор повредено во борби со кучиња, бил приведен заедно со двајцата сопатници малолетници.
Како што наведе МВР, при преглед на возилото, во багажникот било пронајдено повредено куче од расата пит бул, за кое лицата изјавиле дека било повредено во борба со кучиња во село Камењане.
Покрај возачот, лишени од слобода се и двајца 17-годишни сопатници од село Желино.
За случајот е известен ветеринарен инспектор, а се преземаат мерки за лекување на животното и целосно документирање на настанот.
Лицата и возилото се задржани во полициска станица, по што ќе следува соодветен поднесок.












