Арбен Таравари, денеска, до премиерот Христијан Мицкоски поднесе неотповиклива оставка на функцијата министер за здравство.
-Одлуката ја донесувам по внимателна лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дел од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработката и поддршка во иднина, секогаш водејќи се од јавниот интерес – напиша во оставката, покрај другото, Тарaвари