По повод Велики Четврток, скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски денеска учествуваше во хуманитарна акција насочена кон поддршка на бездомни и социјално загрозени лица.
-Заедно со Тони Станковски и претставници на Здружението на граѓани за помош на бездомни и социјално загрозени лица, беа поделени повеќе од 300 оброци – соопштија од Град Скопје.
Оттаму информираат дека акцијата ималае за цел да обезбеди основна поддршка и да испрати порака за солидарност и грижа кон најранливите категории граѓани.
-Заложбите за подобрување на условите за живот продолжуваат, при што во изминатиот период се овозможени работни ангажмани и сместување за десетина лица кои претходно биле без дом – велат градските власти.
Ѓорѓиевски потенцира дека локалната самоуправа ќе продолжи со активности насочени кон намалување на социјалната исклученост и обезбедување достоинствен живот за сите граѓани.












