петок, јуни 5, 2026
Дома СКОПСКА Oд утре до понеделник, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Oд утре до понеделник, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

43

Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека по повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од утре до понеделник, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Работно време на билетарници и центри за персонализација

В сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време: билетарите кои работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, додека билетарниците и центрите за персонализација кои работат во две смени ќе работат од 08:00 до 18:00 часот.

В петок и недела, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот.

Понеделник е неработен ден за сите билетарници и центри за персонализација.

Жичницата од петок до недела ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а в понеделник, вообичаено нема да работи.

Од ЈСП потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за жичницата се неработни денови.

ИЗДВОЕНИ