четврток, јули 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Почнува реконструкцијата на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“

Почнува реконструкцијата на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“

13

Со воведување во работа на изведувачот, почна реализацијата на значаен инфраструктурен проект во Општина Пехчево, кој опфаќа реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација.

– Проектот има цел да ги подобри патната инфраструктура и системот за одведување на атмосферските води, со што ќе се обезбедат поголема безбедност во сообраќајот, подобри услови за движење на граѓаните и долгорочна заштита на коловозите од оштетување предизвикано од врнежи – велат општинските власти.

Оттаму додаваат дека со изградбата на современа атмосферска канализација, ќе се реши долгогодишниот проблем со задржување на дождовните води на овие улици, а реконструкцијата ќе придонесе за поквалитетна урбана инфраструктура и за подобрен изглед на овој дел од градот.

Од Општина Пехчево истакнуваат дека продолжуваат со реализацијата на капиталните проекти, кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните и создаваат услови за понатамошен развој на локалната заедница.

– Со вакви проекти, создаваме побезбедни улици, подобри услови за секојдневно функционирање на граѓаните и поквалитетна комунална инфраструктура, која ќе служи со децении. Нашата цел е Пехчево да се развива како современа и функционална општина, со инфраструктура што ги задоволува потребите на сегашните и на идните генерации –  изјави градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански.

 

ИЗДВОЕНИ