Аргентина со драматичен пресврт ја совлада Англија со 2:1 и се пласираше во финалето на Светското првенство, а по натпреварот, во центарот на вниманието се најде шишето на Џордан Пикфорд.

Англискиот голман на шишето имал залепени детални белешки за евентуална пенал-серија, со инструкции како да реагира против секој аргентински изведувач. За Лионел Меси стоело „лажно лево – скокни десно“, за Енцо Фернандес „остани во средината“, за Хулијан Алварес „скокни лево“, а за Лаутаро Мартинес „скокни десно“.

По последниот судиски свиреж, член на аргентинскиот стручен штаб го зел шишето и најпрво му го покажал на Меси, кој со насмевка ги разгледал белешките. Потоа шишето завршило и кај Енцо Фернандес, кој го пронашол своето име и низ смеа го прокоментирал „тајниот план“ на Пикфорд.

Сепак, целиот труд на англискиот голман беше залуден. Англија водеше до 86. минута, но Енцо Фернандес израмни со фантастичен гол, а само четири минути подоцна, Лаутаро Мартинес со глава го комплетираше пресвртот за пласман на Аргентина во финалето.

ИЗДВОЕНИ