вторник, октомври 20, 2026
Дома СКОПСКА Почна пробивањето на булеварот АСНОМ низ Ќерамидница

Почна пробивањето на булеварот АСНОМ низ Ќерамидница

1551

Денеска почна уривањето на објектите за пробивање на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“.

Од Град Скопје денеска информираа дека уривањето се одвива во најдобар ред, бидејќи е извршена експропријација во овој дел и се исплатени договорените суми.

– Дури на некои од семејствата им е помогнато при преселбата – нагласија градските власти.

Како што велат, со ова пробивање ќе се овозможи ставање во функција на мостот кон ресторанот „Дојрана“. Останува да се заврши пробивањето на главната траса кон трговскиот центар „Ист гејт“. 

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, на последната седница на Советот на Град Скопје, информираше дека овој крак кон трговскиот центар „Ист гејт“ е проблематичен поради нерешената експропријација и големиот број судски постапки што се водат, но наведе дека до крајот на мандатот ќе бидат завршени преговорите и ќе се заврши експропријацијата, со што ќе биде отворен и тој крак од булеварот АСНОМ.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ