среда, септември 9, 2026
Дома СКОПСКА Расчистен отпадот околу стадионот и во Градскиот парк

Расчистен отпадот околу стадионот и во Градскиот парк

1

Веднаш по завршувањето на светскиот спектакл по повод 35 години независност на Македонија, настапот на Дејвид Гета, екипите на Град Скопје почнале со расчистување на отпадот околу стадионот и во Градскиот парк.

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека со многу труд и посветеност, тие се погрижиле зад големата прослава да останат убавите спомени, а утрото просторот повторно да биде чист и уреден.

– Упатувам искрена благодарност до секој работник што ја помина ноќта на терен. Нивниот труд, честопати далеку од вниманието на јавноста, заслужува почит од сите нас. За нас, крајот на еден настан никогаш не е крај на обврската кон градот – нагласи Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ