среда, октомври 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Почина уште еден пациент со западнонилската треска – досега 11 смртни случаи

Почина уште еден пациент со западнонилската треска – досега 11 смртни случаи

1

Уште едно лице почина како последица на западнонилска треска, со што вкупниот број на смртни случаи во земјава се искачи на 11, покажуваат најновите податоци објавени на специјализираниот портал за следење на вирусот, „Healthalert“.

Од почетокот на 2026 година досега во земјава се регистрирани вкупно 71 случај на инфекција со западнонилска треска.

Според официјалните здравствени информации, од вкупниот број заболени, 58 лица веќе се целосно оздравени. Во моментов, уште двајца пациенти се наоѓаат на хоспитализација и болничко лекување.

Во текот на изминатата недела не се регистрирани новозаболени лица од овој вирус.

ИЗДВОЕНИ