Ученичката која во вторникот беше повредена во напад со нож во основно училиште во селото Сташков, во областа Чадца, почина, соопшти денеска претседателот на словачкиот парламент, Рихард Раши.
Таа е втората жртва на нападот, по смртта на 61-годишна наставничка која им подлегна на повредите на самото место; агенцијата ТАСР објави дека уште една повредена наставничка е хоспитализирана.
Нападот со нож се случи во училиштето во Сташков во вторникот наутро; осомничениот е 13-годишен ученик во осмо одделение, кој беше уапсен и потоа сместен во психијатриска болница.












